Машкиот допир ги прави жените пожешки

Неодамнешното истражување покажува дека машкиот допир ги прави жените пожешки. Буквално. Кога жената ќе дојде во физички допир со маж, температурата на нејзината кожа се зголемува, посебно на лицето и градите. Овие промени се случуваат потсвесно кај најголем дел од партиципантите.

Лицето се вжештува при стрес, страв или гнев, но истражувачите сакале да дознаат како останатите емоции влијаат на фацијалната температура. Тие направиле топлотни фотографии од две групи на млади хетеросексуални жени, за време стандардна интеракција, со помош на светлосна сонда за која на испитаничките им било „објаснето“ дека го мери тенот на кожата.

Кога истражувач од било кој пол ќе допрел некоја од испитаничките, просечната температура на кожата растела за 0.1 целзиусов степен, што и не е така значајно. Но, скокот бил многу поголем кога истражувачот бил од машки пол. Кожата на испитаничките се вжештувала за 0.3 целзиусови степени, а кај некои жени дури и за цел степен.

Man harassing woman.

„Ваквата промена е слична како онаа при страв или стрес“, вели Аманда Хан, од универзитетот Св. Ендрјуз во Велика Британија. „Воопшто не ја манипулиравме нивната емоционална состојба, се работи само за суптилна социјална интеракција со испитаникот. Сепак, реакциите беа од значајни размери.“ – објаснува Хан.

Кога биле прашани за промените, по процедурата, само четвртина од жените рекле дека почуствувале емоционална промена при допирот. Остатокот биле тотално свесно рамнодушни на интеракцијата.

Истражувачите не се сигурни дали промените се забележливи со голо око, или дали можат да бидат детектирани со допир. Ако другите можат да ги детектираат овие реакции, тоа би било уште еден сигнал што го користиме во невербалната комуникација.

- Реклама -