Масивните пловни рибни фарми на Кина

Позаштитените крајбрежни води на Жолтото море, Источното кинеско море и Јужното кинеско море, се полни со големи пловни фарми во кои во метални кафези се одгледуваат риби, морски ракчиња и школки. Овие фарми се составени од помали рибници, меѓусебно поврзани со дрвени наколни мовчиња, ама и наколни куќи, во кои живеат цели семејства.

Ова се слики од југоисточната провинција Фуџијан. Овде марикултурната индустрија (специјализирана гранка на аквакултурата, во која морските „плодови“ се одгледуваат на отворено море) е толку обемна што и самата создаде свој туризам.

Кина, инаку, е најголемиот производел, ама и потрошувач на риба. Една третина од целото светско производство на риба и две третини од светското аквакултурно производство доаѓа од таму. Аквакултурата, која се однесува на одгледување на риби во рибници, езера и резервоари, самата придонесува со две третини од вкупното производство на риба во земјата.

Прочитајте и:  Кина се надева на победа на Трамп: „Тајван од пион може да се претвори во напуштено дете“

На сликава од птичја перспектива, патем, гледате во површина од 4 квадратни километри.

Кина има долга историја на рибници, која оди наназад и до 3.000 години. Како индустрија интензивно процвета некаде во 1990-тите. Во последниве години, сепак, производството опаѓа. Причини се претераниот риболов, загадувањето и лошото менаџирање на биодиверзитетот кое резултира со трајно оштетување на разноликоста на живиот свет. Секоја година има тримесечна забрана за рибарење со цел да им се даде шанса на рибните јата да закрепнат, ама без многу ефект.

- Реклама -