На прв поглед, мажите ги немаат типично женските проблеми со „пренаселени” џебови и не се познати по тоа што носат непотребни предмети со себе. Реално е така, но во последно време машката торба почнува да добива се поголема брзина. Зошто ли? Знаете ли дека пред доста години, уште во 17-ти и 18-ти век, мажите, исто така носеле чантички? Тогаш причината била едноставна, основното средство за трговија биле железните монети, кои сепак би требало да се чуваат некаде. Откако жените почнаа да се разубавуваат и да развиваат прототипови на денешните чанти, на пазарот почнуваат да се појавуваат разни дизајни,а меѓу неколкуте причини зошто денес не гледаме мажи кои што ги носат чантите се пренакитените женски торбички и навиката да се носи шминката внатре во нив.
Мажите прибегнаа кон доста практична идеја за чување на секојдневните предмети – џебовите. Дури и денес е неверојатен е фактот како еден маж е способен да собере исклучително многу нешта по себе, без да има потреба да разнесува торби и разни други нешта. Сепак времињата се такви што секојдневниот живот не бомбардира со едно чудо работи кои се прашуваме каде да ги сместиме, а сетоа тоа често не доведува до позиција на заборавање или губење на предмети. Машката торба е прилично контроверзна модна тема, но сепак сите признаваат дека е одлично, а водено и практично решение на проблемите од ваква природа. Ова ги покренува големите прашања, да носам ли машка торба, ќе изгледам ли женствено? Ако сте гледале Friends, можеби ќе се сетите на онаа епизода кога Џои се „заљуби“ во машка чанта, која што ја доби од Рејчел, па сите му се смееа дека е премногу женствен кога ја носи, иако тој ги убедуваше дека е премногу практична и дизајнот е мажествен.
Стереотипот дека чантата е женски додаток е многу добар маркетинг кој своевремено успеал да стане закон во кампања за женски чанти. Второ , машката торба нема ништо заедничко со женската. Моделите кај мажите се исклучително чисти, засновани се на куфери и повеќе изгледаат како мали, стилски торби. Единствената разлика е тоа што се направени од висококвалитетна кожа, лесни и удобни, па и идеални за секојдневна употреба. Според оние кои што ја поддржуваат оваа теза и се обидуваат да направат промени на пазарот, сите ние живееме во 21 век и секој е слободен да прави што сака, да облекува што сака и да носи што сака.
Модните трендови се карактеристични по тоа што влијаат директно врз луѓето, а ретко се предводени од нивните потреби или практичност. Поради тоа нашиот совет е да не се врзувате многу со трендови, станувајќи жртва на нечија кампања, туку да го носите она што вам лично ви се допаѓа. Логично е мислењата да се поделени, а треба да се такви…барем кога станува збор за модата.