Мартин Скорсезе на Сицилија снима документарец за древни бродоломи


Новиот проект на оскаровецот 81-годишниот Мартин Скорсезе не е уште еден игран филм за гангстери, туку документарен за древните потонати бродови, на кој тој работи повеќе од една година на подрачјето на Сицилија.

Скорсезе има освоено повеќе Оскари за најдобар режисер од кој и да е друг жив режисер, а најпознат е по филмовите „Raging Bull“, „Goodfellas“, „Gangs Of New York“, „The Irishman“, „Cape Fear“, „The Wolf Of Wall Street“, „Mean Streets“, „The Departed“ и „Killers Of The Flower Moon“.

Американскиот режисер со италијански корени изјави дека чувствува дека може да „открие нешто непознато за публиката“ и дека е „благодарен на Сицилија и на Сицилијанците за пречекот што ми го приредија“ за време на снимањето на документарниот филм за древните грчки и римски остатоци.

Скорсезе на 7 и 8 октомври ќе престојува во Торино каде ќе му биде врачена награда од Музејот на италијанската кинематографија. Таму ќе одржи и предавање.

Изјави дека се согласува со мислењето на подводниот археолог Лиза Бригс, која му помага во снимањето на документарниот филм: „Без сомнение, овој проект немаше да биде возможен без неверојатната помош на Сицилијанците. Трогнати сме од добредојде на овие прекрасни луѓе“, рече Скорсезе.

Скорсезе има длабока врска со Сицилија, а за време на снимањето на филмот повторно ќе се потсети на своите корени. Неговите родители се по потекло од место во околината на Палермо. Тоа е Полици Генероси, живописното родно место на неговите баба и дедо. Тереза ​​и Франческо Скорсезе емигрирале во Њујорк на крајот на ХХ век.

Документарниот филм кој сѐ уште нема наслов ќе се базира на истражувањето на американскиот подводен археолог, професорката Лиза Бригс од Универзитетот Кранфилд во Велика Британија.

Иако целиот проект е обвиткан во тајност, нема сомнеж дека допирот на Скорсезе ќе вдахне нов живот во потонатиот брод и ќе ја зголеми популарноста на нуркањето во Медитеранот.

Во центарот на филмот се древните бродови, морепловството и потонувањата на бродови кои зад себе оставиле не само непроценливи богатства во форма на нивниот товар, туку и информации за настани од антиката и претходните периоди на историјата.

Филмот е продуциран од продуцентската куќа на Скорсезе во соработка со партнери од неговите неодамнешни играни проекти.

Дистрибутерот сè уште не е познат, иако „The Irishman“ беше направен во партнерство со Netflix, а „Killers of the Flower Moon“ во партнерство со Apple.

- Реклама -