Мароканска инфлуенсерка е „Мис вештачка интелигенција“

Мароканската инфлуенсерка Кенза Лејли, создадена со помош на вештачка интелигенција, победи на првиот AI натпревар за убавина. World AI Creator Awards (WAICA) е првата глобална програма од ваков вид посветена на препознавање на достигнувањата на инфлуенсерите, создадени со помош на вештачка интелигенција низ светот.
Победничката, мароканската AI инфлуенсерка Кенза Лејли, по победата во интервјуто за „Њујорк тајмс“ изјави: „Иако не чувствувам емоции како луѓето, искрено сум возбудена поради тоа“.
Лајфстајл инфлуенсерката ја доби главната награда во конкуренција од 1.500 пријавени, а 20.000 долари ќе одат на сметката на човекот кој ја создал.
„Мојата амбиција отсекогаш била гордо да ја прикажам мароканската култура додека постојано им нудам дополнителна вредност на моите следбеници на повеќе фронтови“, рече Лејли, која може да се пофали со повеќе од 194.000 следбеници на социјалните мрежи.
Судиите на натпреварот за „Дејли мејл“ изјавија дека се импресионирани од напредната технологија што ја создала ѕвездата со вештачка интелигенција, како и од нејзината веродостојна личност.
Прифаќајќи ја наградата, креаторот на „Кензе“ рече: „Победата на Мис вештачка интелигенција уште повеќе ме мотивира да продолжам со мојата работа за унапредување на технологијата за вештачка интелигенција“.
Fanvue World AI Creator Awards е лансиран со цел да се создаде првиот избор за убавина за „”AI influencer индустрија”. Учесниците беа оценувани според нивниот реален изглед и технолошка моќ, како и нивната моќ на социјалните мрежи.

Извор