Марк Цукерберг истури врз себе кофа со студена вода

Основачот на Facebook, Марк Цукерберг истури кофа со многу студена вода врз себе, по што го објави видеото на YouTube.

Причината била ALS Ice Bucket Challenge – еден од најголемите предизвици во мрежата во последните месеци.

Се работи за  поддршка на болните од латерална амиотропска склероза – ALS. Таа е позната како болест на Лу Гериг и влијае врз  моторните мускули. Во 40-секунди видео основачот на Фејсбук ги повика главниот директор на Facebook Шерил Сенберг, претседателот на Microsoft, Бил Гејтс и основачот и извршен директор на Netflix Рид Хестингс да го сторат истото.

Според правилата, секој предизвикан треба во рок од 24 часа да истури ладна вода врз главата, а ако не го направи тоа, треба да донира 1.000 долари на американската ALS асоцијација за истражување за откривање на лек против болеста. Потоа предизвикот треба да биде упатен кон други три лица. Практиката покажува дека, сепак, дури и откако ќе се прелеат со вода врз главата, луѓето донираат пари за битката со болеста. Цукерберг бил  предизвикан од гувернерот на Њу Џерси Кристофер Џејмс Кристи. Во предизвикот беше вклучен и американскиот претседател Барак Обама минатиот месец, но тој одби да го прифати истиот и подари пари за целите на предизвикот.

- Реклама -