Деновиве вистински хит меѓу Македонците на друштвените мрежи е готвачот со тајландско потекло кој работата во кујната си ја олеснува пеејќи ја „Ти, само ти“ на Марјан Коцев, пуштена на најјако.
Тонг – така се вика готвачот, работи во ресторан во Австралија во сопственост на Иле Моша од Битола. Во ресторанот покрај традиционалната македонска, се служи и тајландска храна.
Погледнете го хит видеото што на Тонг му донесе македонска слава:
Во меѓувреме, Марјан Коцев е на турнеја во Австралија, па решил да го посети ресторанот „СкараРама5“ и лично да се сретне со Тајланѓанецот што си го потпевнува неговиот хит во кујната. Средбата, секако, е документирана во ново видео, а се разбира, вклучува и дует: