Маричиќ за Би-Би-Си: Не може да се предвидат чекорите на Русија, работиме на замена на испораките на природен гас

Земјава ги има подмирено сите обврски за снабдување со руски гас, но ситуацијата е сложена бидејќи не може да се предвиди каква одлука може да донесе Русија во наредните денови, со оглед на тоа што Северна Македонија цврсто стои со Украина -политички, економски и воено, изјави во емисијата „Дејли њус“ на Би-Би-Си вицепремиерот за европски прашања – Бојан Маричиќ.

Имаме соодветни алтернативи во случај да дојде до прекин на снабдувањето со гас од „ГАЗПРОМ“ – на пример индустриските капацитети да можат да користат мазут, но каква одлука и да се донесе, земјава ќе се залага таа да биде донесена согласно договорот за употреба на гасоводот, рече Маричиќ.

Тој изрази жалење што Русија одлучи да ги класифицира сите земји како непријателски земји, но посочи дека македонската Влада верува дека наскоро ќе се најде решение за „тековната агресија“, со што ќе се стави крај и на енергетската криза.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

„Снабдувањето со гас за Северна Македонија сè уште не е прекинато. Зависноста е значителна, но сепак имаме континуирано снабдување со гас од ‘ГАСПРОМ’ преку Бугарија и покрај тоа што Русија го прекина снабдувањето со гас до таму“, посочи Маричиќ во интервјуто, додавајќи дека Македонија има и одредени алтернативи, во соработка со САД и ЕУ:

„Во случај ‘Газпром’ да го раскине договорот со ‘Булгартрангаз’ во однос на нашите резервирани количини во интерконекторот, планираме увоз на природен гас преку интерконектор што Република Бугарија го има со Грција, кој е поврзан со ТАБ со авион и снабдува гас од Азербејџан, така што работиме заедно со САД и нашите партнери од ЕУ на замена на испораките на природен гас од Русија, со цел да се намалат последиците од потенцијалната енергетска криза во случај Русија да го затвори вентилот“, појасни Маричиќ.

Извор: МИА

- Реклама -