Маричиќ нема да оди во Софија, позитивен е на ковид

Вицепремиерот за европски прашања – Бојан Маричиќ, нема да биде дел од владината делегација која од денеска е во посета на Софија. Како што информираше тој на својот Фејсбук профил, причината е што бил позитивен на тест за ковид.

„Јас нема да бидам дел од владината делегација, поради позитивен тест на Ковид – 19 и покрај тоа што немам никакви симптоми, правилата наложуваат изолација.

За жал, нема да сум присутен и на првиот состанок на заедничката меѓувладина работна група за европска интеграција и зелени политики со која јас копретседавам, но останувам во комуникација со колегите Грковска, Нуредини и Алити, како и со моите бугарски колеги околу деталите и заклучоците од средбата“, напиша Маричиќ.

Прочитајте и:  Мицкоски: Немам намера да прифатам катастрофални грешки од минатото, прифатлива алтернатива за уставните измени е одложеното дејство

Во објавата, тој истакна дека е започната нова динамика и отворена нова можност со Република Бугарија преку еден поинаков начин на меѓусебна комуникација и соработка од која се очекува унапредување на односите и надминување на разликите во интерес на граѓаните на двете земји.

„Давам целосна поддршка на процесот на продлабочување на соработката на сите нивоа и во сите области, како и зближување на двата народи, преку видливи резултати од функционирањето на работните групи“, порача Маричиќ.

- Реклама -