Отказ за Марадона

Диего Марадона ќе мора повторно да бара работа откако челниците на Ал Васл решија да го раскинат договорот со него во пресрет на новата сезона од шампионатот на Обединетите Арапски Емираати.

Аргентинската легенда на светскиот фудбал доби целосна слобода при работата во овој клуб, но очајните резултати и освоеното осмо место во првенството на ОАЕ и поразите во претседателскиот куп беа причина управата на клубот да се реши да ја прекине соработката со него.

„Диего Марадона нема да биде тренер на нашиот клуб во следната сезона, по одлуката што беше донесена на денешната средба на клупското раководство. Во неговиот договоро имаше клаузула за заминување, што ние ја активиравме“ открија дел од челниците на Ал Васл.

Аргентинецот беше најавен како мегаѕвезда во фудбалот во ОАЕ, но воопшто не успеа да ги оправда очекувањата, не само со резултатите на својот клуб, туку и со своето недолично однесување, за коешто беше често критикуван во изминатите десетина месеци.

- Реклама -