Марадона: Сакам да бидам тренер на Наполи по Бенитез

Легендата на Аргентина и Наполи, Диего Марадона вели дека во иднина сака да седне на тренерското столче на Сан Паоло.

Диего Марадона, кој на ’Наполитанците’ им ги донесе најславните денови и две Скудета во 1987 и 1990, сака да се врати во Неапол и да го превзеде кормилото на Наполи.

„Кога Рафа Бенитез ќе замине, сакам да бидам тренер на Наполи” – рече Аргентинецот, кој оваа недела пристигна во Италија, и вечерва на Олимпико ќе ја следи дерби пресметката помеѓу Рома и Наполи.

Запрашан зошто во моментов не е тренер на некој клуб, Марадона истакна дека сопствениците се плашат од него.

„Насекаде се случуваат промени на тренерите, од Шпанија до Италија, од Англија до Русија”.

„Но има луѓе што се плашат од мене. Затоа во моментов не сум тренер, а не поради економски причини”.

За дуелот помеѓу Рома и Наполи, тој рече: „’Римската Волчица’ во овој момент е како брз воз, но ’Наполитанците’ се погладни за успех“.

„Се надевам дека ќе гледаме одличен натпревар, отворена игра со многу погодоци”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -