Со денови во рускиот фудбалски свет кружеа гласините дека Сергеј Фурсенко, кој поднесе оставка на местото претседател на Руската Фудбалска Федерација носејќи дел од одговорноста за неуспехот на ЕП, потпишал договор со наследникот на Холанѓанецот Дик Адвокат.
Се шпрекулираше дека на клупата на репрезентацијата ќе седне Италијанецот Фабио Капело, а „Спорт експрес“ објави дека поранешниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола, е во авионот за Москва. На крајот бомбастична најава. Руските медиуми, повикувајќи се од информации на Министерството за спорт на Русија, тврдат дека Фурсенко потпишал договор на шест години со Роберто Манчини!
Поранешниот претседател на федерацијата и понатаму е недостапен за коментар, а се наведува дека следната недела Италијанецот треба да поднесе оставка во Манчестер Сити и веднаш потоа да ја преземе „Зборнаја“.Според „sports.ru“, Манчини треба годишно да заработува по 7,2 милиони евра што за шест години значи 43,2 милиони евра! Манчини во Манчестер Сити заработува по 3,5 милиони евра годишно.
Спротивно од „sports.ru“, конкурентскиот „Спорт експрес“ тврде дека новиот селектор ќе биде Чезаре Прандели. Останува да видиме што навистина ќе се случи.