На менаџерот на Манчестер сити, Роберто Манчини, му „пукна филмот“ кога е во прашање Марио Балотели, па реши физички да се пресмета со него.
На денешниот претпладневен тренинг на „граѓаните“, Балотели опасно стартувал над соиграчот Скот Синклер, по што Манчини реши да му покаже на напаѓачот кој е „газда“ на тренинзите…