Манчестер уфрли во 3-та брзина во битката за Мурињо

mopep

Откако челниците на Манчестер Јунајтед видоа дека нивните сограѓани и вечни ривали не одмараат, туку интензивно работат, па дури и носат врвно име на тренерската позиција во својот тим, решија малку и тие да се ангажираат.

Потпретседателот на Јунајтед, Ед Вудвард изјави дека единствено Мурињо би можел да одговори на тактиката на Пеп.

Клубот најверојатно уште денес ќе ги започне преговорите со Португалецот, и најверојатно ќе успејат да најдат заеднички јазик.

Прво, Мурињо е без работа, второ Манчестер кога сака некого да донесе во клубот, тоа го прави, трето, биди Мурињо, и одбиј да играш против Гвардиола.

- Реклама -