Во неверојатна драма, Манчестер Сити успеаја во судиското продолжение да постигнат два гола и да стигнат до триумф од 3:2 над Квинс Парк Рејнџерс и да ја освојат шампионската титула во Премиер лигата.
Веќе беше изминат регуларниот тек од натпреварот на „Итихад“, а градскиот ривал Манчестер Јунајтед чекаше да биде крунисан во шампион поради триумфот од 0:1 над Сандерленд. Но, во 92.минута, Един Џеко погоди за 2:2, а во 94. минута Серхио Агуеро постигна погодок кој ја промени историјата на Манчестер Сити.
Триумфот на Манчестер Јунајтед од 0:1, на гостувањето во Сандерленд, со голот на Вејн Руни во 20. минута остана попуст. Арсенал се пласираа во Лигата на шампионите, откако на гостински терен го совлада ВБА со 2:3. Бенајун, Андре Сантос и Кошчелни ја донесоа победата за „Топчиите“, иако ВБА по само петнаесет минути имаше водство од 2:1.
Тотенхем со 2:0 го победи Фулам со головите на Адебајор и на Дефо и засега е пласиран во квалификациите од ЛШ, но ќе треба да навива за Баерн Минхен во финалето на „Алијанц арена“, за Челзи да не го преземе неговото место. Болтон испаѓа од Премиер лигата, откако одигра 2:2 на гостувањето кај Стоук, а ќе се спасеше доколку оствареше триумф, затоа што КПР на крајот загуби со 3-2 од Манчестер сити.
Објавено во соработка со Екипа.