Мамурлакот од виски е полош од оној од вотката

hangoverСе ближат празници па запамтете дека виски предизвикува полош мамурлак од вотката. Тоа го велат американските научници кои тврдат дека причината се крие во бројот на молекулите наречени конгенерс кои ги има во вискито.

hangoverСе ближат празници па запамтете дека виски предизвикува полош мамурлак од вотката. Тоа го велат американските научници кои тврдат дека причината се крие во бројот на молекулите наречени конгенерс кои ги има во вискито.

Иако испитаниците кои конзумирале виски, во експериментот направен од научниците, се чувствувале многу полошо, не може да се каже дека нивната способност за извршување задачи била полоша од оние кои конзумирале вотка, вели Danaris Rohsenow, научникот од Универзитетот Браун, кој го предводеше истражувањето. Сепак, доколку сакате да избегнете полош мамурлак денот потоа, треба да ги земете во предвид овие предупредувања на американските научници. Ако сепак претерате, еве неколку совети како да се изборите со мамурлакот.

– Пред да почнете со пиење изедете обилен оброк – храната ќе го успори растворањето на алкохолот. После забавата натерајте се да изедете нешто за појадок, бидејќи тоа ќе го врати нивото на шеќер во организмот на нормала и ќе направи да се чувствувате малку подобро.

Прочитајте и:  За да го намалите ризикот од деменција, ограничете ја консумацијата на еден вид пијалок

– Ублажете го делувањето на алкохолот – пијте што повеќе вода во текот на ноќта дури и ако не сте жедни. Наутро избегнете го кафето или чај во големи количини бидејќи кофеинот дополнително ќе го дехидрира вашиот организам.

– Избегнувајте обоени пијалоци – румот, вискито и црвеното вино содржат посебни супстанци, конгенери, кои се создаваат во процесот на ферментација и оттаму доаѓа и темната боја на овие пијалоци, а конгенерите се тие кои предизвикуваат главоболка и најтежок мамурлак.

– Преспијте го мамурлакот – лек против мамурлак нема, па затоа е најдобро да го преспиете. Може да станете само за да ги прочитате новите статии на 365.com.mк:)

- Реклама -