Забавување до сабајле, повеќе алкохолни пијалаци и одличен помин. А утрото пред огледало сигурно се прашувате „која е оваа личност“? Изгледате постаро, тенот сив, подочниците темни, капаците отечени. Не е лесно, но возможно е брзо да ги избришете трагите од мамурлакот и да го вратите свежиот изглед.
Измијте се со ладна вода
За повторно да изгледате свежо прво измијте се со ладна вода. Овој третман ќе предизвика вашата кожа повторно да биде мека и сјајна и да изгледа како да сте наспани. Ладната вода ќе ве разбуди. Меѓутоа, водата му е потребна и на вашето тело, затоа напијте се 2-3 чаши вода, најдобро млака.
Пробајте зелена вода
Оваа вода, всушност, не е зелена, туку се складира во зелено стаклено шише кое се чува на сонце (доволно е денот да е сончев) од шест до осум часа. Се пие ладна. Под дејство на сончевите зраци во водата се таложат лековити состојки кои го чистат организмот од токсини и ја подобруваат циркулацијата.
Намачкајте се со хидратантен крем
Дури и ако спиете околу шест-седум часа, клетките во организмот губат вода. Замислете во каква состојба се по луда забава и два часа сон! Кожата станува сува, а вие изгледате мошне постаро. Добар хидратантен крем е клуч за решавањето на тој проблем, и тоа не само во екстремни ситуации. Употребата на кремот на долги стази делува превентивно за појавата на брчки.
Внимавајте што јадете
За последиците од мамурлукот да не бидат видливи уште повеќе, внимавајте што јадете. Избегнувајте премногу сол и мрсна храна, а на алкохол заборавете. Поради него и ги имате тие темни кругови под очите.
Отстранете ги отоците
Најдобар лек за отечени капаци се облоги од млеко или вода со коцки лед. Потопете ја крпата во течноста, спуштете ја на очите и држете ја две-три минути. Дури и крем на база на вода успешно ги отстранува отоците ако претходно го ставите во фрижидер и го нанесете на лицето веднаш откако ќе се измиете со ладна вода.
Исчистете го лицето пред спиење
Дали по бурната ноќ утрото ќе изгледате свежо и убаво зависи и од тоа како се грижите за кожата пред да си легнете. Претпоставка е дека лицето ќе биде валкано, делумно од димот од цигари, а во голема мера и од шминката. Затоа, темелното чистење секоја вечер е задолжително. Со млеко за отстранување шминка отстранете ја шминката, потоа измијте се, а на крај повторно исчистете го лицето со благ тоник.
Три потези со шминка
Еден ден откако имавте луда забава, не го оптеретувајте лицето со многу шминка. Со коректор покријте ги подочниците, но не ставајте течна пудра на целото лице. Малку навиткајте ги трепките и ставете маскара. Нанесете руменило во розова или во боја на кајсија.