Малта, Норвешка, Украина и Шпанија ги избраа претставниците за „Евровизија“

Четири земји викендов ги избраа нивните претставници на 68. издание на „Евровизија“ што ќе се одржи во мај во Малме, Шведска.
Сара Боничи, „Гејт“, Алиона Алиона и Џери Хејл, како и Небулоса ќе ги претставуваат овие земји на големиот музички натпревар. Нивните песни ги носат насловите „Луп“ (Loop), „Улвехам“ (Ulveham), „Тереза и Марија“ (Teresa & Maria) и „Зора“ (Zorra).
„Евровизија“ годинава ќе се одржи во Малме на 7, 9 и 11 мај.

Извор