Малите лажговци се справуваат подобро во животот

Децата кои што лажат до 4-годишна возраст, постигнуваат повеќе во животот. Резултатите од канадско истражување покажуваат дека мозочните процеси во умот на малите лажговци се индикатор на повисока интелигенција.

„Родителите не треба да бидат  загрижени, ако нивното дете лаже  малку”, истакнува д-р Канг Ли, директор на Институтот за детски студии на Универзитетот во Торонто.

„Тоа не значи дека кога ќе пораснат, нивните деца ќе станат патолошки лажговци”, смирува тој. „Речиси сите деца лажат. Лагите  подразбираат дека тие достигнале пресвртница во развојот. ”

Децата со подобар когнитивен развој обично лажат за да ги прикријат трагите. Тие ја активираат фантазијата и ја сместуваат вистината во задниот дел на својот мозок. Често пати подоцна тие претпочитаат кариера на банкари, заклучува студијата.

 

- Реклама -