Знаете каков е вкусот на мајчиното млеко? А колку калории троши доењето? Тоа, и уште пар други занимливости за мајчиното млеко – во продолжение.
1. Производството на мајчиното млеко троши 25% од енергијата на телото. За споредба, мозокот троши 20% од енергијата.
2. Мајчиното млеко им помага на жените во губењето на килограми, т.е. во враќањето на килажата пред бременоста. На самото производство на мајчиното млеко телото троши околу 600 до 1.000 калории, секој ден.
3. Како што бебето расте, така составот на млекото се менува. Во почетокот е со синкаста боја и воденеста текстура, а кон крајот на доењето е погусто и полно со маснотии, т.е. калории потребни за раст и развој на силно дете.
4. Секому би му здосадило од ден во ден да јаде иста храна. Со мајчиното млеко го нема трој проблем, бидејќи делумно и поради изнесеното во точка 3, му се менува и вкусот. Се менува, главно, во зависност од тоа што јаде мајката. Така бебето се подготвува и за вкусовите на цврстата храна која наскоро ќе почне да ја јаде.
5. Млекото не излегува само низ една дупка. Секоја брадавица има неколку минијатурни отвори кои испуштаат млеко, а бројот варира од жена до жена.
6. Бебето празни околу 65% од млекото во дојката на еден оброк, бидејќи „јаде“ т.е. цица до заситеност, а не додека не го исцица целото млеко.
7. Дека дојките не се со иста големина – веќе е познат факт. Но дали знаете дека околу 75% од жените произведуваат повеќе млеко во десната дојка, која се смета за доминантна? Притоа, во ова нема удел дали жената е деснорака или леворака.
8. Мајчиното млеко содржи „хормон за спиење“ – мелатонин, кој го успива бебето. Според една студија, тримесечните бебиња кои се хранат исклучиво со мајчино млеко спијат по 45 минути подолго од останатите бебиња.
9. Мајчиното млеко е уникатно како и отпечатоците од прстите – не постојат два исти примерока. Од мајката и нејзината исхрана зависи изгледот, квалитетот и вкусот на нејзиното млеко.
10. Од мајчиното млеко може да се направи дури и сирење. Њујоршкиот шеф на кујна Ричард Адамс во својот ресторан служи баш такво, направено од млекото на својата сопруга. Вели дека има „суптилен“ вкус со сладок шмек, и мека конзистенција како panna cotte.