Секоја жена смета дека одлично го познава своето тело и оценува која е најдобрата интимна хигиена за неа. Но, има некои мали навидум ситни детали кои се од исклучително големо значење за нашето здравје.
Никогаш не користете пудра таму долу!
Многу девојки користат пудра за интимните зони со цел да избегнат непријатност. Но, тоа е сосема погрешно! Лекарите се категорични дека на тој начин може да се зголеми ризикот од развој на рак на јајниците за 30%. Постои опасност честата употреба на пудра да предизвика тешки вагинални воспаленија. Затоа, дами, прекинете со оваа пракса!
Не претерувајте со употребата на секојдневни влошки!
Секојдневната употреба на влошки може и да ни обезбедува поголемо чувство на свежина, но за сметка на тоа е доста ризично. Оваа навика не и дозволува на кожата да дише слободно и задржува влага, што пак е предуслов за појава на бактериски и габични инфекции. Затоа ограничете го користењето на секојдневни влошки само кога навистина е тоа потребно.
Не користете обичен сапун за интимната хигиена!
Кисело-алкалната рамнотежа на нашата кожа или нарекувана уште – рН, е 5,5, додека на вагината е 3,3. Киселината придонесува за уништување на микробите и го олеснува патот на сперматозоидите до јајце клетката. Обичните сапуни и гелови за туширање го нарушуваат тој баланс, предизвикувајќи развој на инфекции и спречувајќи го продирањето на сперматозоидите.