Една мала соба секогаш може да биде пријатна спална соба. Сепак, во спалната главната работа е креветот и не е потребно да има којзнае колку место. Ако треба да уредите мала спална соба, постојат неколку основни совети кои дизајнерите ги даваат:
Бело! акцент на бело или на други светли бои.
Сончева светлина. Потрудете се да има многу сончева светлина. Едни француски прозорци можат да го обезбедат сиот шарм.
Шкафчиња во секое слободно место. Користете го местото под креветот или над него, за инсталирање на полици, мали гардероби и др.
Луксуз. И не на последно место – кога мебелот е луксузен, големината на собата нема да е од големо значење. Погледнете неколку дескриптивни примери за мали, но многу убави спални:
Прочитај повеќе: Како малата спална соба да ја уредите убаво, модерно и функционално
Прочитај повеќе: Идеи за декорација на мала спална соба