Мала куќа во форма на буквата А

Да имате удобна куќа не значи задолжително да поседувате раскошен и луксузен ентериер. Ако немате многу пари и немате можност да изградите куќа од своите соништа, зошто да не го испробате следниов брилијантен предлог?

1(960)

 

Земете ја за пример оваа двојка од Белгија како инспирација и создадете ја самите својата мала куќа како буквата “А” . Живеалиштето што го гледате на фотографиите е замислено првично како привремена куќа, но сосема лесно може да биде претворен во убав постојан дом.

2(1009)

 

На првиот кат се наоѓаат катчиња за дневни активности. На горниот кат, пак, ќе се судрите со удобен кревет, каде што ќе уживате во мирен и здрав ноќен сон.

3(957)

 

Куќата е речиси целосно направена од рециклирани материјали и наликува на типичен стан. Внатрешниот дизајн со своите претежно наутрални бои е доста атрактивен. Мебелот е избран така што да одговара идеално на можностите.

4(888)

Ви се допаѓа ли оваа идеја?

- Реклама -