Мал џип, голем билборд: Ford постави Гинисов рекорд (фотки)

Американците често се опседнати со големината (поголем џип, поголемо оружје и сл.), а тоа можеби барем делумно се рефлектира и во американските компании, во случајов Ford.

Американскиот производител на автомобили, во Мадрид, на  зградата Edificio España, порано месецов го постави најголемиот билборд во светот. На билбордот го рекламира новиот Ford EcoSport наменет пред сé за европскиот пазар.

Билбордот се протега на 5.265 метри квадратни, и е официјално новиот Гинисов рекордер за најголем билборд. Самото платно на кое е отпечатена рекламата тежи 2.000 килограми (2 тона, нели). Површината, пак, е еквивалентна на околу 20 тениски терени.

Билбордот на Ford од гинисовиот трон го симна претходниот рекордер – кој беше поставен во Даран, Саудиска Арабија, и беше помал за околу 240 метри квадратни.

- Реклама -