Макрон за можноста за испраќање западни трупи во Украина: Секој мој збор е обмислен

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека неговиот став, за можноста за испраќање западни трупи во Украина, е размислуван и обмислен.

– Секој збор што ќе го кажам на оваа тема е одмерен, обмислен и избалансиран, истакна Макрон на официјалното отворање на Олимпиското село во Сен Дени.

Тој одби дополнително да коментира за „геополитичката ситуација“, истакнувајќи дека Олимпиското село не е местото за тоа.

Макрон по меѓународниот состанок за поддршка на Украина во Париз што се одржа на 26 февруари, наведе дека во иднина не ја исклучува можноста за учество на европски трупи во војната во Украина. Тој, исто така, нагласи дека западните земји во моментов немаат консензус по тоа прашање.

Прочитајте и:  Блумберг: Европа ќе мора да ги удвои трошоците за одбрана поради војната во Украина

Можноста за испраќање западни трупи во Украина беше отфрлена од многу земји-членки на НАТО, вклучително САД и Германија, а ја критикуваа и француските опозициски партии.

- Реклама -