Макрон со последно и конечно “НЕ” за Македонија и Албанија

Меркел не го убеди Макрон на средбата во Тулуз. Францускиот претседател потенцираше дека прерано е за преговори со Макеоднија и Албанија, и ги нагласи стравувањата на Франција од прилив на нови мигранти од Балканот, издвојувајќи ја Албанија. Ја спореди Европската унија со убава голема куќа во која сите живеат заедно. Сега имаме одредени проблеми, еден член на семесјтвото одлучи да си замине, треба да се инвестира за поправки, а некои членки велат, дека иако не сме ја реновирале куќата, треба да каниме нови пријатели во неа, рече Макрон по средбата со Меркел.

Како да им објаснам на моите граѓани дека втората земја, од каде имаме најмногу барања за азил, се луѓе што доаѓаат од Албанија, а ние треба да почнеме преговори со нив. И тие имаат безвизен режим на патување, ова Макрон го издвои како главен проблем на кој ја темели политиката против проширување на унијата.

Прашањето е од стратешки карактер, но морам да кажам дека ние сме тие на кои им треба малку време да ги ставиме работите во ред, потенцираше францускиот претседател на заедничката прес – конференција со Меркел.

- Реклама -