Макрон: Не очекувам во наредните недели да се испреговара прекин на војната

Францускиот претседател Емануел Макрон дека не очекува војната во Украина да биде прекината со преговорите уште неколку недели. Макрон ова го изјави по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Како што изјави Макрон, тој му нагласил на Путин дека за да има вистински дијалог прво треба да се случи прекин на огнот. Но, рускиот претседател одбил да го стори тоа, што, како што рече Макрон, ги отежнува нивните редовни разговори.

„Не мислам дека во наредните денови и недели ќе има вистинско решение преку преговори“, заклучи францускиот претседател.

МИА

Прочитајте и:  Путин: Русија истрела балистичка ракета со среден дострел кон Украина
- Реклама -