Макрон: Франција и Европа влегоа во состојба на „воена економија“ и уште долго ќе останат во неа

Париз, 13 јуни 2022 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неговата земја и Европа влегле во состојба на „воена економија“. Тој посочи дека по руската инвазија на Украина во февруари годинава, Франција „влезе во состојба на воена економија“ во која, како што наведе, ќе остане уште долго.

Говорејќи на отворањето на Eurosatory 2022, меѓународниот саем за трговија со оружје во Париз, Макрон рече дека побарал од министерот за одбрана и началникот на Генералштабот во следните недели да ги разгледаат законите за воената програма во контекст на актуелната геополитичка ситуација.

Тој повика и на натамошно зајакнување на европската одбранбена индустрија.

Макрон истакна дека европската одбранбена индустрија и технолошката инфраструктура треба да се зајакнат и да се направат посилни и поконкурентни.

Прочитајте и:  Путин со обраќање до нацијата: Конфликтот доби глобален карактер
- Реклама -