Макета на храмот на Херод

макетаАлек Гарард, осумдесет годишен пензиониран фармер од Норфолк, Англија, ги поминал последните триесет години во создавање на макета на библискиот храм на Херод во размер 1:100.

Господин Гарард целиот свој живот бил љубител на макети, но како стареел размислувал за создавање на еден голем проект.
макетаБидејќи отсекогаш се интересирал за архитектура и религија, пензионерот решил да ги спои двете пасии и да создаде уникатна макета на храмот на Херод. Тој видел една или две други макети на градбата на библиски изложби, но тие не биле доволно прецизни за него, и знаел дека може да направи подобра.
макетаИскусниот моделар започнал со работа на овој проект во четвртата деценија од својот живот. Првите три години ги поминал во истражување на храмот по што започнал со рачна изработка на макетата. Макетата е направена од глинени цигли, а Алек дури и создал 4000 фигури високи по 12 милиметри и ги распоредил низ храмот. Макетата е апсолутно неверојатна, но Алек вели „Работев на макетата неколку децении, но никогаш нема да биде завршена бидејќи цело време додавам по некој нов детал.“
макетамакетамакетамакетамакета

- Реклама -