Македонските одбојкари загубија од Грција во квалификациите за ЕП


Машката одбојкарската репрезентација на Македонија загуби од Грција во Скопје со 3-1, во вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство.

Иако избраниците на Хари Наковски тргнаа со освоен сет, гостите успеа со пресврт да дојдат до победа на  средбата која се одигра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Никола Ѓоргиев со 25 поени беше најефикасен во нашата репрезентација, Љафтов имаше 15, а Савовски 13 поени. Кај селекцијата на Грција, Мухлиас заврши со 24 поени.

Возбудувањата од квалификациите за Европското првенство за нас ќе продолжат следната година со мечот дома против Грузијците (28 јуни), а потоа во август и гостуваме на Грција.

Шансите за Европско првенство не се загубени, освен првопласираните селекции во групите понатаму одат и пет од седум второпласирани репрезентации.

- Реклама -