Македонските кошаркарски јуниори со втора победа на ЕП во Скопје


Јуниорската машка кошаркарска репрезентација на Македонија ја оствари и втората победа на Европското првенство од „Б“ дивизија кое се одржува во Скопје.

Вечерва во мечот од 2. коло во групата „Ц“, избраниците на селекторот Андреевски ја совладаа селекцијата на Босна и Херцеговина со 99:87.

Неверојатниот Никола Јаничиќ мечот го заврши со 31 поен, додека одлично издание имаа и Стојковиќ со 18 и Марјановиќ со 13 поени.

Во следното коло нашиот национален тим игра важен меч во битката за првите две места кои водат во четвртфиналето. Противник е репрезентацијата на Чешка, а мечот е закажан утре (недела) од 18:30 часот.

Фото: КФСМ

- Реклама -