Македонските компании учествуваа на револуционерниот тим билдинг проект: Освојување на Монт Еверест

Промените на деловното окружување кои со рапидност и динамика се случуваат на пазарот, создаваат неминовна потреба од прилагодувања во внатрешните процеси и односи на компаниите. Во таа насока, особено се важни комуникациските односи помеѓу вработените, задржувањето на ентузијазмот, пристапот кон работата и односот индивидуа-тим.

Паралено со динамичните промени на пазарот, во внатрешните системи на светските компании се воведува играта, поточно доаѓа до таканаречена гејмификација на процесите со силно потенцирање на принципот заслужи и добиј.

11693889_1729795953914251_521977669423081671_n

Следејќи ги овие два паралелни тренда, Seavus Едукативниот и Развоен Центар во соработка со ДООР Македонија воведе бизнис симулација – тим билдинг игра: Освојување на Монт Еверест, која е револуцинерен чекор во организациското однесување.

11701156_1729795957247584_1161584221996679638_n

Играта вклучува елементи на стратегија, планирање, компромис, калкулација на ризик, тимско и индивидуално одлучување, искуствено учење и многу забава. До сега е превземена од бројни светски компании како: IKEA, Microsoft, BOCSH, SONY, Coca –Cola и многу други.

11745699_1729795867247593_2703263835527352368_n

Со цел промоција и симулација на играта Освој го Монт Еверест, Seavus Едукативниот и Развоен Центар во соработка со ДООР Македонија организираше едно дневен настан со повеќе македонски банки, ИТ и производствени компании на кој се симулираше играта. Преставниците од компаниите имаа можност да искусат комплетно нов пристап во тим билдингот и да уживаат освојувајќи го Монт Еверест.

11781769_1729795863914260_9219596822714593643_n

- Реклама -