Македонските стрелци Ванчо Каранфилов и Оливера Наковска-Бикова денеска со нов предизвик на Параолимписките игри во Лондон – најавуваат атак на нов медал во стрелачките дисциплини.
По феноменалното постигнување на Наковска-Бикова со освојувањето на златниот медал испратен со нов светски рекорд во дисциплината воздушен пиштол – 10 метри, денеска и двајцата ги очекува настапот во дисциплината спортски пиштол во мешани двојки на 25 метри.
Каранфилов квалификациите ги започна од 10 часот, додека Наковска-Бикова своето квалификациско натпреварување во оваа дисциплина ќе го стартува од 11:20 часот по македонско време.
„Верувам дека нашите натпреварувачи може да ни донесат нови радости по оној прв златен медал. Огромен е мотивот кај сите нас овде во Лондон да следат и нови успеси како оној првиот на Наковска-Бикова. Остануваме максимално концентрирани до крај на активностите на Игрите во Англија“ изјави тренерот на нашите параолимпијци, Бранимир Јовановски.