Сите ја знаат како малечката, зборлеста и симпатична водителка, чиј што последен поголем проект беше квизот „ Најслаба алка“. Живкица Каленикова, која е мајка на две деца, го очекува третото, објави Хитпортал.
Таа се наоѓа во второто тримесечје од бременоста и за неколку месеци по третпат ќе стане мајка.
Живкица е во брак со бизнисменот Зоран Калеников со кого ги има синовите – двегодишниот Дарјан и осуммесечниот Марко.
По двата сина, Живкица сега очекува ќерка. Таа остана бремена само неколку месеци по пораѓањето со вториот син Марко.