Македонската армија доби 13 милиони евра помош од Советот на ЕУ

Европскиот мировен фонд за македонската армија ќе обезбеди технологии наменети за разузнавање, надзор, извидување, електронско војување и сигнално разузнавање, како и логистичка и инженерска опрема, но и комуникациски и информациски системи

Помош од 13 милиони евра доби Армијата на Република Северна Македонија, одлучи денеска Советот на Европската Унија во рамките на Европскиот мировен фонд, пренесува МИА.

„Мерката за помош ќе ги зајакне капацитетите на Северна Македонија за нејзино учество во операциите и мисиите во рамки на заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ и другите меѓународни мисии“,

се вели во соопштението на Советот на ЕУ.

Тоа, според Советот, ја одразува поврзаноста на ЕУ со земјава во областа на безбедноста и одбраната.

Европскиот мировен фонд за македонската армија ќе обезбеди технологии наменети за разузнавање, надзор, извидување, електронско војување и сигнално разузнавање, како и логистичка и инженерска опрема, но и комуникациски и информациски системи.

ЕУ преку фондот финансира активности наменети за зајакнување на капацитетите на трети држави, регионални и меѓународни организации поврзани со воени и одбранбени прашања.

- Реклама -