Нион, 16 декември 2021 (МИА) – Бугарија, Грузија и Гибралтар се противниците од Групата 4 од Лигата Ц со кои Македонската фудбалска репрезентација ќе се соочи во новото, трето издание на Лигата на нации.
Сите 55 членки на Европската фудбалска заедница се поделени во четири лиги и со вечерашната жрепка во Нион тие ги дознаа своите противници.
ЛИГА А:
Група 1: Австрија, Хрватска, Данска, Франција
Група 2: Чешка, Швајцарија, Португалија, Шпанија
Група 3: Унгарија, Англија, Германија, Италија
Група 4: Велс, Полска, Холандија, Белгија
ЛИГА Б:
Група 1: Ерменија, Ирска, Шкотска, Украина
Група 2: Албанија, Израел, Русија, Исланд
Група 3: Црна Гора, Романија, Финска, Босна и Херцеговина
Група 4: Словенија, Србија, Норвешка, Шведска
ЛИГА Ц:
Група 1: Литванија, Фарски Острови, Луксембург, Турција
Група 2: Косово, победник од дуелот Кипар/Естонија, Грција, Северна Ирска
Група 3: Азербејџан, победник од дуелот Казахстан/Молдавија, Белорусија, Словечка
Група 4: Македонија, Грузија, Гибралтар, Бугарија
ЛИГА Д:
Група 1: Андора, Летонија, поразен од дуелот Казахстан/Молдавија, Лихтенштајн
Група 2: Сан Марино, поразен од дуелот Кипар/Естонија, Малта
Натпреварите почнуваат во јуни 2022 година, кога ќе се играат четири кола, а последните две рунди ќе се одиграат во септември 2022 година. Завршниот турнир е закажан за јуни 2023 година.