Македонија најевтина земја во регионот, 36-то место во Европа

Според податоци на Евростат, Македонија е една од најевтините земји во Европа, односно на листата е 36-та, а зад нашата земја е само Турција.

Во регионот најскапа е Хрватска, каде водата чини 2,5 евра. Словенија се наоѓа на 19. место, Црна Гора е на 30 место, а потоа следува Србија, додека БиХ се наоѓа на 34. место на листата на најскапи земји.

Но, граѓаните не се задоволни од стандардот, иако земјата важи за една од најевтините. Велат евтино е, но и платите се мали.

„Народот ни избега, и тоа не е од сега, тоа е веќе 10 години актуелно. Сите знаеме дека не е добро, но од друга страна вина има и во народот, затоа што сметам дека не сме научени да работиме. Сите сакаме да работиме во администрација, но тоа не е можно. Ако живееме во село, можеме да се занимаваме со земјоделство. За цените да ги споредам овде и во странство, скоро не сум шетал надвор од државата, затоа што немам време, но знам дека Бугарите доаѓаат да пазарат во Крива Паланка затоа што тука е поевтино“, вели Чедо Кироски, жител на кратовското село Шлегово и сопственик на дуќан.

Бугарски државјани пазарат и во Делчево, а купуваат претежно прехранбени производи.

„Бугарите во Делчево најчесто доаѓаат во сабота, но повеќето од нив се пензионери, и купуваат најчесто храна, зеленчук, додека облека многу поретко земаат од овде“, вели жителка на Делчево.

Повремено и во Куманово може по бутиците и продавниците за чевли да се забележат српски државјани, кои во градот доаѓаат на гости, а назад се враќаат со облека или чифт чевли купени по поволна цена, затоа што гардероба и обувки има за сечиј џеб.

Исланд, Швајцарија, Норвешка, Данска и Ирска се во топ пет најскапи европски земји.

Според најновите податоци на Еуростат, најскапа земја е Исланд.

Цените во таа земја минатата година биле дури 56 отсто поголеми од европскиот просек.

Пица во еден ресторан во Исланд чини 17 евра, а чаша вино околу 10, додека пак пиво 7 евра. Вечера за двајца чини околу 85 евра, чапша вино во продавница е 17 евра, а пакет јајца се 5 евра.

Сепак, просечната плата на вработените изнесува 4.500 евра. Станарината на помал стан во центар на град е 1.300 евра месечно.

- Реклама -