Македонија ја отвори кутијата на Пандора: Украинка бара Русија да си го смени името

Веројатно инспирирана од егзибиционистичкото барање на Грција Македонија да си го смени името, и нашето егзибиционистичко прифаќање со една нога на истото, украинската писателка за деца – Лариса Ницој, упати предлог и до Русија да си го смени името. Според украинскиот „Обозревател“, таа предлага Русија да се вика Московија, што, според неа, би било историски далеку пологично.

Имено, Ницој објаснува дека коренот „рус“ е всушност украден од Украинците.

„Вие и јас сме, всушност, Руси, а тие се Московити. Московското царство со указ на царот Петар Први себеси се нарекло Рус. Замислете денес Германија да се разбуди, а Франција да издаде указ – ние денеска сме Германија“, вели таа.

Прочитајте и:  Путин го покани Вучиќ да ја посети Москва

Ницој потсетува дека Русите изворно се нарекувале Московити, па царицата Катарина Втора морала да издаде декрет според кој сите што се самонарекувале така морале да бидат казнети со тепање – факт што и денес се наоѓа во музеите, истакнува писателката.

Русија го прифати предлогот на Лариса…

Шегата на страна, неофицијално Русија врати дека сé тоа било Киевска Русија, и дека Украинците го украле Киев од Русите. „Ваквите псевдо-историски екскурзии се огледало на ситуацијата во која се наоѓа Украина во моментов“, изјави пратеникот во Државната дума, Леонид Калашников.

виа Expres.mk

- Реклама -