Македонија го одбележува Меѓународниот ден на женското дете

Во организација на  Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), денес во Македонија ќе биде одбележан Меѓународниот ден на женското дете.

Настанот ќе се одржи во просториите на Домот на АРМ, а свое обраќање ќе имаат министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и директорот на УНФПА, Дојна Болога.

Одбележувањето ќе биде проследено со изложба на фотографии на тема „Меѓународниот ден на женското дете“, а ќе бидат прикажани и три документарни филмови.

Оваа година за првпат се одбележува овој ден, по донесувањето на резолуцијата во Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации. Темата на првото одбележување на Меѓународниот ден на женското дете ќе бидат малолетничките бракови.

Прочитајте и:  Истражување: Помалку шеќер во првите 1.000 дена од детскиот живот штити од дијабетес и висок крвен притисок подоцна
- Реклама -