Бугарскиот дизајнер Јанко Цветков продолжува со својот проект „Мапирање на стереотипите“. Овојпат, тој извади карта на Европа во која се наведени големините на пенисите по нација. Македонците се некаде на средина, со просечна должина од 13,98 сантиметри.
Најчесто, стереотипните карти се забавна активност за убивање на досадата, бидејќи се работи за разликите во перцепцијата на светот, според различни народи. Овојпат, Цветков тврди дека направил карта според релевантни податоци за големината на пенисите, што во суштина е невозможно, со оглед на тоа што единствените вакви податоци се базирани на анкети во кои испитаниците сами ги пријавувале величините (а сите знаеме дека мажите никогаш не лажат кога станува збор за големината на пенисот!).
До сега е направена само една релевантна споредба на големината на пенисите во светски рамки. Тоа во 2007 година го сториле британските уролози Кеван Вајли и Јан Ердли. Земајќи ги предвид резултатите од преку 50 интернационални студии на оваа тема од изминатите 65 години, двајцата уролози направиле темелна споредба (според должината во нормална и еректирана состојба, широчината во нормална и еректирана состојба, итн.) и дошле до крајно интересен заклучок.
„Освен во случајот со истражувањето од Кореја (каде што мажите имале просечно помали пениси од она што го пријавиле другите националности), не постојат позначителни разлики во величината на пенисите помеѓу различните етнички групи или националности“ се вели во студијата.
Можеби најважно од сè, дури 85% од жените рекле дека се задоволни од величината на пенисот на својот партнер, но само 55% од сите мажи биле задоволни од големината на својот полов орган. Речиси 45% од испитаниците посакале да имаат поголем пенис, додека 0,2% посакале помал.