Мајкрософт го претстави најмоќниот лаптоп на планетата

Кон крајот на јули Мајкрософт на своите корисници им понуди бесплатна надградба на новиот Windows 10 оперативен систем.

Вчера во Њујорк на Windows 10 конференцијата претстави неколку хардвер новитети, втемелени на истоимената платформа, меѓу кои посебно се истакна Surface Book, првиот лаптоп од Мајкрософт.

laptop

„Ова е најмоќниот лаптоп на планетата“, најавија на презентацијата.

Целосно развиен од Мајкрософт, Surface Book е двоструко побрз од MacBook Air. Го краси екран со дијагонала од 13,5 инчи (34,29 cm) и густина на пикселите од 267 PPI.

Како што велат од Мајкрософт, батеријата би требала да осигура 12 часа непрекината работа. Surface Book го покренуваат, зависно од конфигурацијата, Core i5 или i7 процесори во комбинација со NVIDIA GeForce графичка картичка. Покрај тоа доаѓа и до 16 GB RAM и најмногу 1 TB интерна меморија.

Прочитајте и:  Мајкрософт лансира десктоп компјутер од 349 долари со Windows 11

676409_1_f

Оваа комбинација на лаптоп и таблет тенки вкупно 7,7 милиметри, а тешки 1515 грама со одвоена тастатура, која на нов начин наречен Dynamic Fulcrum, се спојува на таблетот со тежина од 720 грама.

Инаку, во внатрешноста од тастатурата се наоѓа посебен графички акцелератор, кој го креираше екипата од Xbox во сопствеништво на Мајкрософт.

Почетната цена на Surface Book е 1499 долари, но моделот со најсилна опрема ќе чини 2.699 долари. Со стандардниот пакет се достапни и додатоци, како што се стерео звучници со предна страна, читач SD на мемориски картички, два USB 3.0 уреди и две камери по цена  од 1.500 долари за основен модел.

- Реклама -