По вчерашниот пораз на Манчестер Јунајтед од екипата на Волфсбург кој значеше и збогување од Лигата на шампионите, легендите на „црвените ѓаволи“ си земаа за право да ги искритикуваат „виновниците“.
Горе доле, сите оваа ситуација ја протолкуваа како срамна.
Мајкл Овен, директно го „запука“ Ван Гал, истакнувајќи дека тој е главниот виновник за неуспехот на Јунајтед.
„Ова е најлошиот тим на Манчестер Јунајтед кој некогаш сум го гледа. Во нивната игра нема живост и динамика. Па, играчите кои Ван Гал ги пушти да си одат оваа година, како Кагава, Рафаел, Еванс, Чичарито, Ван Перси… сигурно ќе го декласираа овој тим.“
Овој натпревар, на некој начин требаше да претставува отскочна даска за тимот од Манчестер, бидејќи само вака ќе ја спасеа сезоната во која не покажаа ама баш ништо на теренот.
Во моментов Манчестер Јунајтед е надвор од Лигата на шампионите и се наоѓа на 4-тата позиција во и онака расклиманото домашно првенство со исто бодови колку Сити (29).