Мајката на Новак Ѓоковиќ, Дијана, дала интервју за „GQ Indija“, во кое меѓу другото, зборувала и за финалето на Вимблдон и односот на навивачите кон нејзиниот син.
Таа изјавила дека ѝ било многу тешко да ја гледа фантастичната борба помеѓу Надал и Федерер.
Дијана Ѓоковиќ открила и што ѝ поминувало низ главата во моментите кога Швајцарецот имаше две меч топки кои не ги искористи.
„Бев на натпреварот, беше многу, многу тешко. Мислам дека таков натпревар не сум гледала одамна. Кога Федерер имаше две меч топки, го земав крстот во рацете и се молев на бог. Си реков самата себеси, го направи тоа двапати, можеш и третпат. На УС Опен 2010-та и 2011-та беше исто така. Во полуфиналето Роџер имаше две меч топки, а Новак го пресврте натпреварот“ – вели Дијана.
Таа вели дека Новак напредувал во психолошка смисла.
„Секогаш работи на себе, се подготвува за секој натпревар, особено кога игра со Надал или Федерер. Посебно е кога игра против нив. Ми кажа дека со Роџер ќе биде тешко/ Небеше првпат сите да бидат со Федерер. Тој ја користи таа енергија и замислува дека сите навиваат за него“ – вели Дијана. Таа исто така признава дека е горда на својот син.
„Многу сум среќна и горда. Не беше секогаш лесно, но горда сум на сè што направи. Толку многу на првото место, сите трофеи, многу незаборавни моменти во кои бевме заедно. Омилен ми е Вимблдон 2011-та. Истиот момент кога го освои пехарот кој го сакаше уште кога беше дете, стана и број еден. Целото семејство чекаше на тоа“.
Мајката на Ноле вели дека публиката ширум светот не го цени толку многу Ноле како Надал или пак Федерер.
„Чувствувам дека е баш така. Го почувствував тоа во Австралија, Њујорк, Лондон. Помалку и во Париз, мислам дека таму им ги освои срцата кога почна да зборува на француски. Искрено, не знам. Тој е толку многу учтив и работи напорно. Сепак, луѓето не го ценат доволно затоа што игра во ерата на Надал и Федерер. Кога беше трет на листата, сè беше во ред. Меѓутоа кога стана број еден тоа како да не можеа да го поднесат“ – додала Дијана.
Дијана вели дека не е сигурна до кога ќе игра Ноле.
„Кој го знае тоа? Има 32 години. Можеби најмалку до 35 години. Не можам тоа да го кажам. Зависи од него. Доколку е среќен и мотивиран, зошто да не игра и подолго? Федерер има 38 па сè уште игра“ – заклучила Дијана Ѓоковиќ.