Маица со симболи за разбирање во странство

AD-Travel-Shirt-IconSpeak-World-CoverImage[1]

IconSpeak е корисна маица на чие лице се испринтани 40 универзално препознатливи икони и симболи во сите делови од светот, па така, маицата ви озоможува да се разберете со локалните дури и кога сте во земји каде што не можете да најдете заеднички јазик.

Слободна соба, ресторан, автобуска… Кога не може на англиски, а не помага ни пантомимата, маицава ќе реши многу проблеми во комуникацијата со кои (макар поретко од било кога) се соочуваат туристите.

„Често при патувањата се среќаваме со јазични ограничувања кои можат да се решат само со илустрации, знаци и икони на парче хартија или мапа“, велат креаторите на маицата која е дел од поширокиот проект наречен IconSpeak World.

„Сметавме дека би било супер да имаме основен сет икони кои секогаш можете да ги имате при рака и на кои можете да покажете со прст кога нешто ќе ви затреба, а луѓето да ве разберат“.

Нивниве маици чинат по 33 долари (околу 1800 денари), ама затоа вие можете да си симнете свој сет икони од интернет и да си испринтате своја маица за многу поевтини пари. Друга варијанта е само да ги испринтате иконите на парче хартија и да ги носите во џеб за „недајбоже“, макар што оваа го нема тој „кул“ фактор на маицата и локалните може да ве гледаат малку чудно, наместо да бидат позитивно изненадени и пријателски настроени како кога ќе се пипкате со прст за да им кажете дека барате… проститутка (или што и да им значи срценцето на маицата).

Сеедно, добра идеја.

- Реклама -