Англискиот шампион, екипата на Манчестер Сити потпиша тригодишен договор вреден четири милиони евра со Бразилецот Маикон.
Десниот бек го напушта Интер затоа што договорот му завршува на лето следната година, а Италијаните не сакаа да останат без оштета, па дозволија да замине за скромни 4 милиони евра.
Претходно и голманот Жулио Цезар мина во англискиот Квинс Парк Ренџерс, па неговиот сонародник Маикон е вториот играч кој претходните сезони имаше значајна улога во Интер, а во овој преоден рок се сели од Италија.