Кога би си ги прашале мајките која им е најголемата желба и би одговориле искрено, тоа би било да бидат најдобрата домаќинка во светот. (Ајде феминистки без хумор, распнете нé) А кога живееш на петти спрат, тоа веројатно значи дека мајка ти е спремна да се прекачи од другата страна на прозорот и да го ризикува животот само за да го исчисти. За децата да не растат со чисти прозори, ама без мајки – тада! – магнетски чистач за прозори. Ем живот значи кога другата страна од прозорското стакло е недостапна, ем ја скратува работата на пола.