Магнетна резонанција покажува што се случува кога мајката го бакнува своето бебе

Кога следниот пат некој ќе ви каже дека децата не треба многу да се галат, понудете му научен доказ колку е важна нежноста за растот и развојот.

Моментот кога се случува бакнежот, мозокот на бебето станува помазен и потемен, а до тоа доаѓа затоа што има значително помалку бела материја. Активирањето на фотографијата не се однесува на чинот на бакнувањето, туку на организацијата на функционални активности во мозокот на бебето. Бакнувањето во вашиот мозок предизвикува хемиска реакција и го зголемува лачењето на хормонот окситоцин. Овој хормон честопати се нарекува хормон на љубовта, бидејќи го зајакнува чувството на приврзаност и наклонетост. Бакнувањето го активира системот за наградување во мозокот, лачејќи допамин, кој прави да се чувствуваме подобро. Исто така, се ослободува вазопресин, кој мајките ги поврзува подлабоко со бебињата и партнерите, но и серотонин, кој помага во регулирањето на нашето расположение.

Мајката и бебето на фотографијата се заедно во магнетната резонанција. Да, машината произведува звуци што се вознемирувачки и за возрасен човек. Бебето имало слушалки, исто како и мајката. Снимката не била направена веднаш, туку имало неколку обиди. Кога бебето конечно заспало на градите на мајката, било снимено што се случува во неговата глава додека мајката го бакнува.

Ваквите снимки најчесто ги бараат лекарите за да откријат тумор или блокиран крвен сад. Со помош на магнетна резонанција научниците ги анализираат и активноста и развојот на мозокот.

– Во мојата лабораторија користиме магнетна резонанција за да го следиме протокот на крв низ мозокот на детето. Им читаме приказни и набљудуваме како се менува активноста на мозокот во зависност од текот на приказната. На тој начин истражуваме што мислат децата за мислите на другите луѓе. Оваа снимка не е направена за дијагностички или научни цели. Мислам дека никој досега не направил магнетна резонанција на мајка и бебе. Го направивме тоа затоа што сакавме да видиме. На некои луѓе оваа снимка им е вознемирувачки потсетник за тоа колку е ранлив човекот. На другите им е фасцинантно како две личности, со невидлива гардероба, коса и лице, станаа универзални и може да бидат кои било мајка и бебе, на кое било место или историски период. Другите беа воодушевени од тоа колку е различен мозокот на бебето од мајчиниот – помал е, помек и потемен бидејќи има помалку бела материја. И еве еден од најголемите проблеми во невронауката – како промените во тој специфичен мал орган ќе помогнат во разоткривањето на човечкиот ум? Мајката и детето се моќен симбол на љубовта и невиноста, убавината и плодноста. Иако се почитуваат овие мајчински вредности и жените што ги претставуваат, тие обично се сметаат за спротивности на другите вредности: интелект, напредок и моќ. Но, јас се занимавам со невронаука и работев за да ја направам оваа слика. Исто така, јас сум и мајката на сликата, заедно со мојот мал син – напишала научникот Ребека Сакс.

Извор

- Реклама -