Magnestick: Безбедносен магнет за децата што скијаат

магнетMagnestick е најновата безбедносна направа за вашето дете кога оди на планина или скијање. Всушност, овој изум ќе спречи вашето дете да падне од ски-лифтот и да се истркала долу на снегот и карпите.

Magnestick е најновата безбедносна направа за вашето дете кога оди на планина или скијање. Всушност, овој изум ќе спречи вашето дете да падне од ски-лифтот и да се истркала долу на снегот и карпите.

Жичарниците во некои места се опремени со електромагнети на самите седишта. Тие се активирани за време на целото патување, а вие или вашето дете треба само да носите лесен ранец (200 грама), со метална плоча на грбот која постојано ќе биде залепена за електромагнетот. Кога патувањето ќе заврши, магнетите се деактивираат.

magnestick

Magnestick безбедносниот систем моментално го има во само неколку места, како на пример во одморалиштето Алпајн Медоус во Калифорнија и Аркалис во Андора. Само во Франција има 7 одморалишта кои веќе го користат овој систем. [Operation Magnestick]

- Реклама -