кијатос е остров на кој ќе пронајдете фантастични плажи, неверојатни пејзажи и недопрена природа. Но, можеби најубавото делче од овој остров е главниот (и единствен) град…
Градот Скијатос, кој се наоѓа на истоимениот остров од групата Споради, е вистинско богатство на егејскиот регион од Грција. Овој прекрасен град во себе крие многу убавини, кои ќе ви овозможат незаборавни прошетки по тесните улички и спомени што ќе траат цел живот.
Во Скијатос нема колосални градби и споменици, а причината за тоа е едноставна – главниот град на овој остров бил преместуван низ вековите, како што се менувале владетелите од различни земји. Во антички времиња постоела населба каде што се наоѓа денешниот град, сѐ до моментот кога Венеција го освоила Скијатос. Тогаш населбата била преместена на северната страна, во замокот Кастро. Така останало сѐ до грчката војна за независност, кога градот се вратил на првичното место.
Во денешниот Скијатос свој печат оставиле Венецијанците и Турците Османлии, кои заедно со локалната архитектура создале спој на уникатни и неповторливи медитерански градби. Прошетката низ овој град е нешто во што секој турист ќе ужива, минувајќи низ тесните, камени улички, исполнети со продавнички и мали, симпатични ресторанчиња и кафулиња; но и по кејот, на морскиот брег, покрај десетците закотвени јахти и бродови.
Текстот е објавен во соработка со Iguana.com.mk