Стариот град Хања, кој се наоѓа на островот Крит во Грција, е прекрасно место кое плени со прекрасната архитектура и одлично сочуван стар дел на градот. Всушност, островот бил населен уште во 2700 г. п.н.е., иако денес во него може да се почувствува модерната, западна култура.
За време на Втората светска војна, градот Хања бил бомбардиран и значително уништен, но кратко време потоа бил во целост реставриран. Многу историски зданија денес се претворени во хотели, ресторани и ексклузивни продавници. Градот е магнет за туристи дури и во зимските денови. Прекрасните улички и автентичната архитектура, го прават Хања град кој морате да го посетите.